Connect with us

Економија

Владата го усвои годишниот план за енергетски објекти за 2026 година

Владата го објави годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, кој почнува масивни инвестиции од над 5,7 милијарди евра во производство и складирање на електрична енергија.

Министерката Сања Божиновска денеска на прес-конференција појасни дека планот вклучува реализација на 67 нови енергетски објекти за производство на електрична енергија со моќност од најмалку 1 мегават, со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 мегавати и проценета инвестиција од 3,735 милијарди евра. Од овие, 59 се фотоволтаични електроцентрали со моќност над 3.000 мегавати и вредност од 2,1 милијарди евра, 7 ветерни електроцентрали со 907 мегавати и 1,18 милијарда евра и една когенеративна гасна електроцентрала со 495 мегавати и 445 милиони евра, значајна за балансирање на системот.

Овој план не е само список на желби, туку конкретен стратешки документ, кој ја трансформира нашата енергетска слика и ја зацврстува независноста – истакна Божиновска.

Од 284 барања, одобрени се 97 компании по принципот прв дојден, прв услужен. Вклучени се и 56 општински проекти од Македонски Брод, Лозово, Дебарца, Кавадарци, Куманово, Брвеница и од Кочани, со анализи за мрежна стабилност.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2