Останати спортови
Волкановски ја одбрани титулата – светски првак
Александар Волкановски, Австралиецот со македонско потекло ја одбрани титулата во перолесна категорија на настанот УФЦ 325 во Сиднеј. Популарниот „Александар Велики“ славеше пред домашната публика во арената „Кудос бенк“.
Волкановски имаше комплетна доминација против Бразилецот Диего Лопез. Судиите ја потврдија неговата надмоќ со бодови 49:46, 49:46 и убедливи 50:45. Тој истиот противник го победи и во Мајмаи. Шампионот покажа прецизни удари и фантастична работа со нозете низ целиот меч (пет рунди).
Волкановски стигна до 28-та победа во кариерата и трета во последните шест борби. Ова е негов осми триумф во битките за светската титула. Со своите 37 години тој е највозрасниот шампион во историјата на оваа категорија. Волкановски останува неприкосновен лидер на светската ММА сцена.
февруари 1, 2026

