Сервисни информации
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има мали остатоци од кашест снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти ЈП „Македонијапат“ во пладневниот извештај.
Врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Од 9.20 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка.Од 9.40 часот е воведена забрана за камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево во двата правца. Од 5.45 часот поради врнежи од снег забранет е сообраќајот за камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар.
-На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, информира ЈП „Македонијапат“ и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
февруари 1, 2026

