Connect with us

Фудбал

Слот: Задоволен сум, но имаме изгубено премногу бодови

Шампионот на Англија Ливерпул синоќа во последниот дуел од 24.коло на Енфилд го совлада Њукасл со 4:1, иако противникот поведе со 1:0. „Црвените“ пресвртот го најавија во финишот на дуелот со двата гола на Уго Екетике, а потоа стрелци беа и Флоријан Вирц и Ибрахим Конате, кој претходно пропушти три натпревари поради смртта на татко му.

По поразот од Борнмут зборував со фудбалерите и им предочив дека мора да се подобриме. На последните два натпревара постигнавме десет голови (Лига шампиони Карабах 6:0 и Премиер лига Њукасл 4:1) и примивме само еден. Мислам дека можам со сигурност да кажам дека тоа е големо подобрување. Значи, да, задоволен и среќен што ги имаме овие два резултати. Но, поради многуте бодови што ги изгубивме, исто така сме свесни дека ова сигурно не е доволно, изјави менаџерот на Ливерпул Арне Слот.

Ливерпул се проби на петтото место на табелата со 39 бодови, а во следното голо е домаќин на екипата на Манчестер Сити. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4