Култура
Љутков: 2026 ќе биде година на инвестиции и на откочување на долготрајните проекти, инвестираме и во загрозеното културно наследство
За инвестициско и техничко одржуваење и за набавка на опрема на националните установи пристигнале 239 проектни апликации за 2026 година и по евалуацијата се прифатени 66 проекти со вкупен износ од 15.500.000 денари.
Министерот Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од годишните конкурси по дејности на прес-конференција во Владата посочи дека овие средства се наменети за обезбедување основни услови за функционирање на националните установи преку поправки, тековно одржување и набавка на неопходна опрема.
Нагласи дека 2026 ќе биде година на инвестиции и на откочување на долготрајните проекти и година на обнова и градење на културните институции. За изградба на нови објекти, како и за реконструкција, адаптација и санација на постојните јавни установи од културата се обезбедени 407 милилиони денари кои ќе се реализираат преку 13 значајни проекти.
Овде влегуваат реконструкција на Универзалната сала, изградбата на Турскот театар Скопје, која е во последната фаза, нов објект за театар и библиотека во Тетово, изградба на објектот Стар театар во Струмица, реконструкции на театарот при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на киното „Партизан“ при Народен театар Битола, санација на плафон и дел од фасада на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, санација на тераси на објектот на Македонскиот народен театар и неговото фоаје, реновирање и санација на инсталациии и подрумски простории на Македонската опера и балет, реконструкција на покривот на Музејот на Македонија, изградба на објект со скулптуална композиција во Скопје, реконструкција на театарот при Центарот за култура „Ацо Шпов“ во Штип и реконструкција на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“- Прилеп, фаза термотехнички инсталации, а во моментов се работи и на проектната документација за целосна реконструкција на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
За заштита на недвижно културното наследство пристигнале 249 пријави од установи, од кои се одобрени 19 проекти за три наципонални установи без делегиран буџет, додека седум установи со делегиран буџет самостојно ќе управуваат со бројот на проектите и висината на износите. Од категоријата Други корисници одобрени се 43 од 52 апликации, со вкупен буџет за реализација од 85.806.000 денари.
Како позначајни Љутков ги спомена реконструкција и адаптација на старото училиште во Љубојно во Оппштина Ресен со доделени 5 милиони денари и програмата „Културно наследство во опасност“ со 4 милиони денари.
Од областа на аудивизуленото наслество Кинотека на Македонија ќе добие 4,5 милиони денари за заштита и дигитализација на филмското богатство, обработка на архивиски материјали и подобрување на условите за чување.
Љутков посочи дека се инвестира и во спомениците, археолошките локалитети и историските комплекси, каде се во тек проекти за конзервација, реставрација и презентација на културното наследство.
Рестварацијата на архитектурата и живописот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од манастирот Трескавец, рече, е посебен приоритетен проект од национално значење и се финансира одделно. Ќе се финансира и заштита на споменикот „Илинден“ во Крушево, во рамки на културно наследство во опасност, како и Спомнен-домот на Разловечкото востание во општина Делчево, стариот конак во Лешочкот манастир, целосно доистражување на Самоиловата тврдина во Охрид, реставрација на Јени-џамија во Битола, Аквадуктот во Скопје итн.
-Најголемиот дел од средставата се насочени кон националните установи како носители на конзервација, реставрација и системска заштита на културното наследство. Во 2026 година инвестираме таму каде што е најпотребно – кај загрозеното наследство, кај објекти од национално значење и кај проекти со јасен континуитет, истакна Љутков.
Во музејската дејност пристигнале 515 пријави од музејски установи, одобрени се 83 проекти на национални установи без делегиран биџет, а другите ќе одлучуваат самостојно за бројот на проекти и за износите, како и 92 проекти на други корисници.
Во областа на културното наследство министерот соопшти дека годинава ќе се отворат постојаните поставки на музите на праисторијата и османлиското наследство на Скопското кале.
Поддршка има за издавачката дејност, за објава на нови наслови и за преводи, информираше и за пристигнати проекти во библиотечна дејност, во драмската дејност – во која се одобрени 163 проекти, зголемен буџетот ќе има за музичко-сценската дејност, разновидни проекти во визулените уметности, област во која се поддржани значајни ретроспективни изложби, како и поттикнување на современото ликовно творештво. Притоа тој посочи дека по една деценија Министерството повторно објави оглас за откуп на ликовни дела. Проекти се поддржани и од фолкорот, манифестации и фестивали и други настани, како и за меѓународна дејност чија цел е системска промоција на државава во светот.
февруари 1, 2026

