Connect with us

Кошарка

Чикаго поуспешен од Мајами

Во натпреварот за подобар пласман во Источната конференција Чикаго како гостин го совлада Мајами со 125:118 и со тоа се доближи до скорот на конкурентот. Клучната серија од 9-0 за победа „биковите“ ја направија во финишот на дуелот.

Чикаго по триумфот има биланс 24-25 (победи-порази), додека Мајами е на 26-24. Ајо Досунму беше најефикасен кај победникот со 29 поени, а во редовите на Мајами Пеле Ларсон реализираше 22 поена.

Резултати на ноќешните натпревари во НБА лигата: Индијана – Атланта 129:124, Филаделфија – Њу Орлеанс 124:114, Мемфис – Минесота 114:131, Мајами – Чикаго 118:125 и Хјустон – Далас 111:107.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1