Фудбал
Челзи со пресврт од 0:2, до 3:2 во дуелот со Вест Хем
Екипата на Челзи направи неверојатен пресврт и стигна до победа во дуелот од 24.коло од Премиер лигата откако го совлада Вест Хем со 3:2, а на полувреме беше во негатива од 0:2.
Гостите поведоа со головите на Џерод Бовен во 7.минута и на Крисенсио Самервил во 36.минута. Менаџерот на „сините“ Лиам на полувреме направи три замени, а токму двајца од замените донесоа изедначување. Во 57.минута Жоао Педро намали на 1:2 на асистенција на Весли Фофана (третиот резервен играч), додека во 70.минута Марк Кукуреља изедначи на 2:2. Голот за победа го постигна Енцо Фернандез во 90+2 минута.
По серијата од три победи Челзи се проби на четвртото место на табелата со 40 бодови, додека Вест Хем остана на 18.место со 20 бодови (зона на испаѓање)
февруари 1, 2026

