Connect with us

Вести

Сали – Клајн: Потврдена унгарската поддршка за евроинтеграциите

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со унгарскиот амбасадор во земјаtа Андраш Клајн, чиј фокус бил процесот на евроинтеграции.

– Министерот Сали се фокусира на процесот на евроинтеграции, со посебен акцент на забрзаната динамика на реформите и решителноста на Република Северна Македонија да стане дел од Европската Унија. Тој ја истакна важноста на континуираната поддршка од земјите членки на ЕУ, особено од Унгарија, како значаен партнер во овој процес – стои во соопштението на Министерството за европски прашања.

Од своја страна, амбасадорот Клајн ја потврдил поддршката на Унгарија за европските аспирации на Северна Македонија и изразил подготвеност за унапредување на билатералната соработка во области од заеднички интерес. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3