Connect with us

Тенис

Рибакина: Горда сум на постигнатиот резултат

По голема борба на централниот терен „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн 26-годишната Елена Рибакина стигна до својата втора Гренд слем титула. Таа во финалето ја совлада двократната шампиона на Австралија опен Арина Сабаленка. Победничкиот пехар на новата шампионка и го предаде победничката од 2001 и 2002 година Американката Џенифер Капријати.

–  Беше битка и навистина сум горда и среќна. Горда сум на постигнатиот резултат и се надевам дека годинава ќе продолжам на ова ниво. Знам дека ќе биде тешко, но се надевам на многу финалиња заедно, изјави Рибакина. 
Поразената во финалето Сабаленка беше куса во изјавата:

–  Сакам да честитам за неверојатната игра, неверојатниот тенис. Да се надеваме и на следната година.

Ова беше второ финале во Мелбурн меѓу Рибакина и Сабаленка, а првото во 2023 година и припадна на Сабаленка.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3