Connect with us

Регион

Превозниците од Србија ги прекинуваат блокадите на товарните терминали на граничните премини

Превозниците од Србија се согласија денеска да ги прекинат блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини.

Засега немаат информации дали и нивните колеги од Босна и Херцеговина ќе ги прекинат блокадите.

Протестот на превозниците на товарни возила и блокадите на граничните премини започна пред пет дена поради заострената постапка за влез во шенген-зоната.

Одлуката за прекин на блокадите беше донесена еден ден откако Европската комисија започна да ја разгледува можноста за воведување специјални визи за професионалните возачи на камиони, што би им овозможило да останат подолго во земјите од ЕУ и непречено да ја извршуваат својата работа.

Возачите на камиони во Црна Гора и Северна Македонија вчера ги прекинаа блокадите, откако ЕК презентираше нова визна стратегија што содржи предлог за решение на проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во шенген-зоната.

Товарните терминали беа блокирани на 22 излеза и 19 влезови во Србија.

Километарски редици камиони се формираа на граничните премини поради блокадите.

Превозниците од Црна Гора и Северна Македонија вчера ги прекинаа блокадите, задоволни од исполнувањето на нивните барања до локалните власти и најавите од ЕУ за промени во визниот режим за високомобилните професии, меѓу кои се и тие. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 4