Вести
Мицкоски: Задоволен сум од искористеноста на ваучерите за електронски уреди за студентите
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во целост се искористени ваучерите од 15.000 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер.
– Вкупниот број е целосно искористен што особено нè радува, ова првпат се случува. Интересот беше навистина изненадувачки за нас, ние ветивме дека сите студенти, без разлика дали се од приватните или од државните универзитети, ќе бидат корисници на овие ваучери и задоволни сме од степенот на искористеност. Дали 15.000 денари се доволни, можеби не целосно. Но, дали може со тоа да се купи електронски уред што ќе служи понатаму – може – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на Економскиот факултет на УКИМ.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
јануари 31, 2026

