Connect with us

Сцена

Лејди Гага со свој настап на доделувањето на наградите „Греми“

Лејди Гага ќе настапи на Греми наградите во 2026 година. Таа има седум номинации оваа година, што е личен рекорд за поп-пејачката. Нејзиниот најдобар резултат досега е оној од 2011 година, кога освои шест одличја, објави списанието „Билборд“.

Албумот на Гага, „Мејхем“ (Mayhem) е номиниран за албум на годината и за најдобар поп вокален албум. Песната „Абракадабра“ е номинирана за запис на годината, песна на годината и најдобра денс-поп-снимка; „Disease“ е номинирана за најдобра поп-солоизведба. А „Харлекин“ (Harlequin), албумот од нејзиниот филм „Џокер 2“ од 2024 година, е номиниран за најдобар традиционален поп албум. Гага досега освои вкупно 14 „Греми“ награди, но сè уште не освоила награда во таканаречената „Голема четворка“ – албум, запис, песна на годината, како и за најдобар нов изведувач, јави БТА.

Ако Лејди Гага изведе песна од „Мејхем“ – тоа ќе биде првпат таа да изведе оригинална песна на доделувањето на наградите по 2019 година.

Американскиот рапер Тајлер „Криејтор“, исто така, ќе настапи на свеченоста. Овој 34-годишен рапер има шест номинации годинава – за албум на годината, најдобар рап албум, уметничка слика за албумот „Кромакопија“ (Chromakopia), којшто се искачи на врвот на листата на албуми – „Билборд 200“, најдобар алтернативен музички албум за „Don’t tap the glass“, што исто така, се искачи на врвот на „Билборд 200“, најдобра рап изведба за „Darling, I“ и најдобра рап-песна за „Sticky“.

Меѓу најавените изведувачи за шоуто се и Џастин Бибер, Оливија Дин, Фарел Вилијамс, Сабрина Карпентер, Алекс Ворен, Слеш и други.

Претстојното 68. доделување на наградите „Греми“ ќе се емитува во живо во недела навечер, на „Си-би-ес“ (CBS). Водител на програмата ќе биде комичарот Тревор Ноа.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1