Connect with us

Регион

Камионџиите од Србија и БиХ продолжуваат со блокадите, во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК

Превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден, а превозниците во Црна Гора и Северна Македонија ги прекинаа блокадите откога ЕК објави нова визна стратегија, која би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во шенген-зоната.

Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во шенген-зоната за што шефот на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, ја информира синоќа претседавачката со Советот на министрите на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Тие телефонски разговараа за прекинот на непречениот проток на стоки и функционирањето на меѓународниот транспорт, предизвикани од блокадите на граничните товарни терминали кон земјите од ЕУ.
Новата визна стратегија на ЕУ, што ја презентира ЕК, како што беше најавено, ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан бидејќи „ЕУ сака да овозможи пофлексибилни правила за прекуграничните работници“.

Возачите на камиони од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почнаа да ги блокираат граничните премини во понеделникот, 26 јануари, сметајќи дека новиот систем за контрола на влез и излез (ЕЕС) во шенген-зоната дискриминира превозници од ЕУ.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3