Connect with us

Регион

Загреб ќе биде домаќин на европските лидери: Мерц и Фон дер Лајен на состанок на ЕПП во Хрватска

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска повтори дека пристапувањето на Хрватска во Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп во сегашната форма не е остварливо. Тој истовремено најави голем собир на лидерите на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб и финализирање на патот кон Организацијата за економска соработка и развој
 (ОЕЦД).

„Иако пристапувањето не е остварливо во оваа форма, остануваме посветени на поддршката за стабилизација на Блискиот Исток и на преговарачкиот процес меѓу Израел и Палестина“, изјави Пленковиќ на почетокот на владината седница. Тој додаде дека Хрватска внимателно ги разгледала меѓународно-правните и финансиските импликации од членството во ова тело.

Пленковиќ изрази благодарност за поканата од претседателот Трамп пофалувајќи ги неговите напори за прекин на крвопролевањето во Газа. Одборот за мир, со кој претседава Трамп, беше промовиран во Давос со цел решавање на глобалните конфликти.

Премиерот на Хрватска најави дека утре и задутре во Загреб ќе престојуваат повеќе од 20 лидери на ЕПП, вклучувајќи ги германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На неформалниот собир ќе се разговара за позицијата на Европа во светот, мирот во Украина, трансатлантските односи и енергетиката.

Паралелно со политичкиот самит, Хрватска ги финализира подготовките за влез во ОЕЦД. Пленковиќ за денеска го најави доаѓањето на генералниот секретар на организацијата, Матијас Корман. Утре ќе се одржи тематска седница на владата, на која ќе биде претставен вториот економски преглед за Хрватска.

Според шефот на хрватската влада, влезот во ОЕЦД се очекува до крајот на оваа година, со што Хрватска ќе ги заокружи своите стратешки цели по влезот во еврозоната и шенген-зоната позиционирајќи се меѓу 40-те најнапредни економии во светот.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4