Connect with us

Регион

Вучиќ: Нема да се менува Уставот за мое повторно кандидирање за претседател, загрижен сум поради формирањето воени сојузи во околина на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска нагласи дека нема да го менува Уставот за повторно да се кандидира за претседател на Србија, а кога станува збор за парламентарните избори, рече дека ќе се бори да ги спречи блокадерите да победат, бидејќи тие би ја уништиле Србија.

„Повеќе не можам да се кандидирам за претседател на Републиката. Сите мислеа дека не ја кажувам вистината. Нема да го менувам Уставот по тоа прашање, бев претседател на Србија во два мандата од по пет години. Што и да каже некој, тоа е тешко време и во тоа тешко време, време на најголемиот напредок на Србија“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека во рок од еден или два месеца ќе се донесе одлука дали задолжителниот воен рокофицијално ќе почне од декември или од март следната година, како и дека регистрацијата на регрутите ќе започне од септември и октомври.

Вучиќ, откако началникот на Генералштабот на српската армија, Милан Мојсиловиќ, се осврна на резултатите од анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на армијата за 2025 година, изјави дека одлуката ќе биде донесена во српскиот Парламент.
Тој изјави дека е многу  загрижени поради формирањето воени сојузи во соседството на Србија, поради што одбранбените капацитети на државата се драстично зголемени.

„Многу сме загрижени за формирањето на воени сојузи во нашата околина против Србија и соодветно на тоа дејствуваме одговорно, сериозно, не провоцираме никого, туку сакаме да одвратиме секој што би извршил агресија врз нашата земја. Нашите одбранбени капацитети на ВВС и ПВО  се драстично зголемени. А, во годините што доаѓаат ќе има и други системи, во сите други родови на армијата“, изјави Вучиќ пред новинарите по состанокот во Домот на гардата на Топчидер.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1