Сцена
Шерон Стоун гостинка на Виенскиот оперски бал
Холивудската актерка Шерон Стоун ќе присуствува на годинешниот Виенски оперски бал, кој ќе се одржи на 12 февруари, како придружничка на австрискиот слаткар Карл Гушлбауер, познат во јавноста како кралот на шаумролите.
Гушлбауер со години привлекува медиумско внимание поканувајќи познати американски личности како свои гости на балот. Тој е сопственик на синцир пекарници специјализирани за традиционални австриски пекарски производи.
Оперскиот бал е еден од најзначајните општествени настани во Австрија и традиционално собира речиси 5.000 гости од политичкиот, економскиот и културниот живот.
Стоун изјави дека Виенската државна опера е „волшебно место“ и оти со нетрпение го очекува учеството на настанот. Гушлбауер, пак, оцени дека нејзината харизма и елеганција се во согласност со вредностите на неговиот бренд.
јануари 29, 2026

