Connect with us

Кошарка

Риверс: Ембиид е најталентираниот играч што некогаш сум го тренирал

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембиид, почна да покажува форма што доликува на поранешен МВП на лигата. Високиот играч има серија од четири натпревари од над 30 поени, а го заврши својот последен натпревар против Бакс со 29, 9 и 5 поени.

Тренерот на Милвоки, Док Риверс има само пофални зборови за Ембид.

– Неверојатен е. Неодамна му кажав на еден член на Куќата на славните дека Џоел Ембид е најталентираниот играч што некогаш сум го тренирал. Тој беше изненаден. Но, тоа е вистина. Она што го прави пред вас и на тренинг е зачудувачки. За жал, немав ниту еден натпревар во плејофот каде што беше здрав. Се чини дека се бори со здравјето веќе пет години по ред. Ако влезе во плејофот здрав и ако додадат неколку клучни играчи во тимот, Сиксерс ќе бидат многу опасни. Но, секогаш се сведува на тоа, заклучи главниот тренер на Милвоки, Док Риверс. 

Риверс помина три сезони во Филаделфија (2020-23).

Маркетинг
Ad 2
Ad 4