Connect with us

Општини

МД „Илинден“-Тирана целосно ја поддржува МАЕИ за изземање на општина Пустец од државниот план за центри за мигранти

Македонско друштво „Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец.

„Сметаме дека оваа одлука е донесена без консултација, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на Македонците во општина Пустец, со што сериозно се нарушуваат принципите на локална самоуправа, демократско учество и заштита на правата на националните малцинства, стои во соопштението за јавноста на друштвото, потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.

Се додава дека Општина Пустец, како средина во која живее македонско национално малцинство, мора да биде третирана со посебна внимателност и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на малцинските права.

Друштвото ја повикува Владата на Република Албанија да ја преиспита донесената одлука.

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија, поради одлуката за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец.

Меѓу другото партијата оценува дека оваа одлука претставува директно загрозување на интересите, безбедноста и демографската стабилност на македонската заедница во Општина Пустец и е спротивна на Уставот, законите и меѓународните обврски, што Албанија ги има преземено за заштита на националните малцинства. 

Како што за МИА, изјави лидерот Васил Стерјовски, ќе продолжат со правна и институционална борба сè додека не се заштитат правата и достоинството на македонската заедница.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1