Connect with us

Регион

Грчкиот парламент го ратификува договорот со Србија за заеднички полициски патроли на туристичките места

Договорот меѓу Србија и Грција за заеднички полициски патроли на туристичките места во двете земји, потпишан пред нешто повеќе од три години меѓу двете министерства надлежни за полицијата, минатата седмица беше ратификуван од грчкиот парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Договорот меѓу Министерството за заштита на граѓаните на Грција и Министерството за внатрешни работи на Србија предвидува секоја од страните да испрати до двајца полицајци за период од најмногу 30 дена.

Во заедничките полициски патроли полицајците ќе бидат во униформи, но без оружје, ќе бидат надлежни за одржување на јавниот ред, а во земјата во која патролираат ќе преземаат случаи што се однесуваат на државјани од нивната матична земја.

Во согласност со договорот, локациите за заеднички патроли ќе ги одредува земјата домаќин во согласност со туристичката активност.

Во пракса, со договорот грчки полицајци ќе се испраќаат во Србија и заедно со нивните српски колеги ќе патролираат во места на кои има туристи од Грција, а српски полицајци заедно со колеги од Грција ќе патролираат на грчки турстички места популарни кај туристите од Србија.

Договорот, кој е на неодредено време, ќе стапи во сила 30 дена од датумот кога страните меѓусебно ќе се информираат дека завршиле со домашните процедури.

На почетокот на октомври 2022 година, како што тогаш објави МИА, тогашниот министер за заштита на граѓаните на Грција, Такис Теодорикакос, и тогашниот министер за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, во грчкиот град Александруполи во присуство на грчки и српски високи полициски службеници го потпишаа договорот за заеднички патроли во туристичките места на двете земји.

Теодорикакос рече дека особено ги интересира „чувството на безбедност на грчките граѓани кога се во Србија и на српските граѓани кога ја посетуваат Грција“.

  • Заедничките патроли ќе бидат во туристичките дестинации и на Грција и на Србија, со цел да се консолидира и да се зајакне токму ова чувство на безбедност кај граѓаните на двете земји кога ќе ја посетуваат едната и другата земја – објасни тогаш Теодорикакос.
Маркетинг
Ad 1
Ad 3