Тенис
Ѓорческа елиминирана на фјучерсот во Порто
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот од серијата 75 во Порто, што се игра за награден фонд 60.000 долари, откако денеска загуби во второто коло Турчинката Ајла Аксу со 2-0 во сетови (7-5, 6-2).
Во првиот сет се водеше голема борба со неколку пресврти во дуелот. Македонската тенисерка поведе со 5:4 во гемови и во десеттиот гем беше на сервис, но ривалката ги доби следните три гема.
Во вториот сет, Аксу по голема борба и 22 одиграни поени во третиот гем поведе со 2:1, препуштајќи и на Ѓорческа до крајот уште само еден гем.
Македонската тенисерка останува во Порто каде следната недела ќе настапи на уште еден фјучерс ИТФ турнир од серијата 50 во португалскиот град.
јануари 29, 2026

