Connect with us

Регион

Брнабиќ го повика ректорот на Белградскиот универзитет да поднесе оставка

Претседателката на Народното собрание на Србија и потпретседателка на Главниот одбор на СНС, Ана Брнабиќ побара ректорот на Белградскиот универзитет, Владан Ѓокиќ, да поднесе оставка од таа функција.

Ана Брнабиќ го објави тоа преку социјалната мрежа Икс, користејќи ја денешната насловна страница на весникот Данас, со текст во кој го анализира говорот на Ѓокиќ на светосавскиот собир на студенти и граѓани во Белград.

„Владан Ѓокиќ има амбиции да стане претседател на Србија или премиер на Србија. Можно е да има амбиции да стане кошаркарски тренер за деца… Велат дека го интересира политиката, а, повеќе од очигледно, во принцип, не го интересира образованието на младите. И сега кога тоа јавно го објавија медиумите на тајкуните-блокатори – кога ректорот Ѓокиќ ќе поднесе оставка од ректорската позиција? Прво, тој не треба да го злоупотребува државниот универзитет, кој го плаќаат сите граѓани на Србија, заради своите политички амбиции“.

„Тој не влегол во својата канцеларија околу една година, па сигурно одамна се откажал од работата. Никој во Србија дури и не знае дали постои Ректорат на Универзитетот во Белград“.

Во мај, неформалното движење „Студенти во блокада“ побара вонредни парламентарни избори, тие исто така објавија дека ќе учествуваат на нив со непартиска изборна листа од експерти и истакнати луѓе, а белградски медиуми спекулираат дека ректорот Ѓокиќ ќе биде прв на таа листа. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3