Connect with us

Свет

Русија почна со повлекување од Сирија

Руската војска почна со повлекување од своите бази во североисточна Сирија, кои сè уште се под контрола на „Сириските демократски сили“ (СДФ) предводени од Курдите.

Борците на СДФ изјавиле дека Русите почнале со враќање на опремата пред неколку дена, а СДФ во моментов ја обезбедува руската база во близина на градот Камишли, пренесе Бета.

  • Не знаеме дали дестинацијата на руската војска е Русија или воздухопловната база Хмејмим. Тие се и понатаму присутни во Камишли и се евакуираат чекор по чекор, изјави еден војник на СДФ.

Кремљ засега не ги коментираше информациите.

Русија има дипломатски односи со новата влада на Сирија, и покрај тоа што поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој беше соборен во 2024 година, е близок сојузник на Москва.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2