Connect with us

Вести

НСП против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и од поддршката што опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат за денешниот работнички протест, кој ние како синдикат го поддржавме, реагираат од Независниот полициски синдикат.

Бараме од ССМ веднаш да излезе со став дека на денешните протести не им се потребни и добредојдени ниту политичарите ниту поддржувачите на политички партии. Дека истите тие пред две години имаа можност да направат нешто повеќе за работникот и дека на државата во моментот не ѝ е потребна нова шарена револуција, туку подобар стандард на граѓаните.

Доколку ССМ не излезе со ваков јасен став, само ќе ја потврди изјавата на премиерот дека денешните протести не се протести за плата, туку за политичка пресметка и дека во моментот помеѓу ССМ и СДСМ постои само една буква разлика. ЌЕ ПОБЕДИМЕ! https://www.facebook.com/share/p/1GwGhrsSUW/

Маркетинг
Ad 2
Ad 3