Connect with us

Регион

Српскиот министер за финансии најавува од идната година пробни летови на летечки такси

Во Србија во идната година ќе има пробни летови на летачки такси, а во зависност од прописите, ќе се процени кога тие ќе бидат воведени во секојдневна употреба, изјави министерот за финансии на Србија, Синиша Мали за РТС.

„Се раѓа нова ера во авијацијата, а тоа се мобилни летачки такси. Минатата недела во Давос потпишавме договор со американска компанија од Калифорнија, што е лидер во таа област. Ова е иднината, а таква иднина ни е потребна за доброто на младите луѓе“, изјави Мали.

Мали и главниот комерцијален директор на американската компанија „Арчер Авијација“, Никил Гоел, во Давос го потпишаа Договорот за партнерство, што треба да биде рамка за соработка меѓу Владата на Србија и таа компанија во воведувањето услуги за електрично воздушно такси во Србија.

Србија го избра „Арчер“ за свој префериран eVTOL партнер и има можност за купување на почетната флота летала од типот „Полноќен лет“. Договорот предвидува купување до 25 летала, во согласност со важечката законска рамка. Леталата „Полноќен лет“ моментно се во фаза на тестирање и нивната сертификација е неопходна.

Синиша Мали во Давос изјави дека со потпишувањето на Договорот „Арчер“, формално станал избран партнер на Србија за воздушно такси и официјален партнер за воздушно такси за Експо 2027, што ќе се одржи од мај до август 2027 година во Белград.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3