Скопје
Општина Ѓорче Петров со зголемена финансиска поддршка од 8.000 денари за секое новородено дете
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека по 8000 денари финансиска поддршка ќе добијат семејствата за секое новороденче.
Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка – конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство, објави Стојкоски.
Тој потенцира дека ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет.
Инвестираме во животот од самиот почеток. Продолжуваме со политики што носат сигурност, грижа и поддршка – таму каде што е најважно, потенцира во објавата градоначалникот.
јануари 26, 2026

