Connect with us

Регион

Црна Гора ќе ги затвори пристапните преговори по Поглавјето 32 – Финансиска контрола

Во Брисел попладнево ќе се одржи 25. меѓувладина пристапна конференција меѓу ЕУ и Црна Гора, на која треба да бидат привремено затворени преговорите по Поглавјето 32 – Финансиска контрола.

Со конференцијата ќе претседава кипарската заменик-министерка за европски прашања Марилена Рауна, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Црна Гора ги има отворено сите 33 поглавја од пристапните преговори за членство во ЕУ, од кои досега привремено се затворени 12.

На претходната меѓувладина конференција, одржана во декември 2025 година, Црна Гора затвори пет поглавја: 3 – Право на основање и слобода на обезбедување услуги, 4 – Слободно движење на капиталот, 6 – Трговско право, 11 – Земјоделство и рурален развој и 13 – Рибарство.

Црна Гора се надева дека изработката на договорот за нејзино пристапување во ЕУ ќе почне за време на кипарското претседателство во текот на првата половина од оваа година. Подгорица сака да го заврши преговарачкиот процес до крајот на 2026 година и да стане 28. членка на Унијата во 2028 година.

Денешната меѓувладина пристапна конференција ЕУ – Црна Гора ќе се одржи по завршувањето на Совет за општи работи (ГАК), на кој Кипар пред министрите за европски прашања на земјите членки ќе ги презентира приоритетите на своето п0ретседателство со Европската Унија. Во рамките на годишниот дијалог за владеење на правото министрите ќе се осврнат на состојбите во Данска, Естонија, Грција и Шпанија, а за време на работниот ручек ќе разменат мислења за европскиот штит за демократија.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4