Connect with us

Скопје

Митески: Општина Аеродром работи на зачувување на трајните вредности што Тоше ни ги остави во наследство

Во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, општина Аеродром денеска се одржува забавниот културно-уметнички настан „Тоше, те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески. Настанот е инициран од жителите на Аеродром, а е поддржан од Општината.

Градоначалник на Општина Аеродром Дејан Митески ја отвори манифестацијата и истакна дека Тоше Проески беше пример за тоа какви луѓе треба да бидеме.

  • Денеска се собравме овде за да му одадеме чест на нашиот еден и единствен Тоше Проески. Човекот кој со својот глас ги допре душите, а со своето срце ги обедини луѓето. Тоше не беше само музичар, тој беше светлина, надеж и пример за тоа какви луѓе треба да бидеме. Тоше е ѕвезда која вечно сјае, ѕвезда што не згаснува со времето, туку се посилно свети горе на небото. Неговата музика не е само звук, тоа е порака за љубов, човечност, скромност и добрина. Општина Аеродром со посветеност и со многу љубов работи на зачувување на тие трајни вредности, што Тоше ни ги остави во наследство, изјави градоначалникот Митевски.

Поддршката на ваквите настани, како што рече, не е само инаституционална обврска туку искрена мисија да го негуваме доброто, убавото и човечното меѓу нас. Тој им порача на најмладите дека тие се иднината, Тоше да биде нивна инспирација и да го чуваат она што тој го создаде, неговите песни и неговата порака – „Бидете хумани, искрени и свои“.

Во претпладневниот дел настапија деца од градинките и училишни хорови од општина Аеродром, кои пееја песни на Тоше. Посетителите можеа да погледнат ликовна изложба на ученици од основните училишта од општина Аеродром.

Ќе се креира заедничка мегаслика „Ѕвездено небо“, дело кое ќе патува низ сите училишта, а на 25 јануари ќе биде подарено на Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево.

Како што информира Општина Аеродром, попладне во музичкиот дел од програмата ќе настапат: Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Ивона Јо, Мартинјан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов, кои со свои интерпретации ќе му оддадат почит на безвременското музичко наследство на Тоше.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 2