Connect with us

Вести

Алиу: Министерството за здравство останува посветено на следење на најсовремените пристапи во развојот на кардиоваскуларната медицина

Министерот за здравство Азир Алиу изутринава присуствуваше на стручен симпозиум во организација на Клиниката „Жан Митрев“, кој претставува платформа за поврзување на меѓународните препораки со реалната клиничка практика, соопшти Министерството за здравство.

– Особена вредност на овој симпозиум е интерактивниот формат, кој овозможува размена на искуства, унапредување на клиничкото одлучување и јакнење на соработката меѓу разни специјалности, со цел подобра, побезбедна и персонализирана грижа за пациентите. Особено беа потенцирани активниот придонес на континуираната медицинска едукација и развојот на кардиоваскуларната медицина – истакна Алиу во своето обраќање.

Тој, меѓу другото, потсети и на новините во предлог-законот за заштита од пушење, чија цел се токму заштита и унапредувањето на здравјето на пациентите имајќи предвид дека пушењето предизвикува кардиоваскуларни заболувања, кои се во подем како кај нас така и во светски рамки – посочуваат од Министерството и наведуваат дека остануваат посветени на следење на најсовремените пристапи – „во континуитет ги унапредуваме условите во јавните здравствени установи и набавка на најсовремена опрема со цел развој на здравството во државата“. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1