Connect with us

Кошарка

Трипл-дабл за Нуркиќ, но Јута сепак загуби

На екипата на Јута во дуелот со Сан Антонио не и помогна да дојде до победата ниту извонредната партија на Јусуф Нуркиќ. Тој дуелот го заврши со 17 поени; 11 скокови и 14 асистенции (трипл-дабл), но сепак неговиот тим загуби со 109:126 на домашен терен. Ова беше негов втор „трипл-дабл“ во низа откако претходно имаше со Минесота, a вкупно трет во кариерата.

За Сан Антонио ова беше важна победа и остана на втората позиција во Конференцијата, а најефикасен во нивните редови беше Дерон Фокс со 31 поен.

Резултати на ноќешните дуели: Орландо – Шарлот 97:124, Филаделфија – Хјустон 128:122 (по продолжение), Вашингтон – Денвер 97:107, Далас – Голден Стејт 123:115, Минесота – Чикаго 115:120, Јута – Сан Антонио 109:126, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112:104 и Портланд – Мајами 127:110.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5