Connect with us

Свет

Годишната инфлација во еврозоната прелиминарно се намали на два процента во декември

Годишната инфлација во Еврозоната за декември, според прелиминарните податоци, се намали од ноемвриските 2,1 на 2 проценти, соопшти денеска Евростат.

Цените на услугите се зголемија за 3,4 проценти на годишно ниво, (од 3,5 проценти во ноември), а цените на енергијата се намалија со значително побрзо темпо, за 1,9 проценти на годишно ниво наспроти ноемврискиот пад од 0,5 проценти.

Кога станува збор за храна, алкохол и тутун, цените се зголемија за 2,6 проценти на годишно ниво, а цените на индустриските производи за 0,4 проценти. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4