Connect with us

Свет

Две лица убиени и неколку повредени во пукање крај мормонска црква во Солт Лејк Сити

Две лица се убиени, а неколку се повредени во пукотница на паркинг во близина на мормонска црква во главниот град на американската држава Јута, Солт Лејк Сити, соопшти полицијата.

Според првичните извештаи, трагедијата на паркингот на храм на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни се случила доцна синоќа, изјави портпаролот на полицијата, истакнувајќи дека ситуацијата сè уште е нејасна.

– Имаше погребна служба во црквата – изјави портпаролот Глен Милс за новинарите.  – Имаше некаква расправија на паркингот, по што се случи пукањето – додаде тој.

Двајца од најмалку осум застрелани лица починаа од раните, а тројца се во критична состојба. Нема информации за другите.

Полицијата ги бара сторителите и ги испрашува сведоците меѓу десетиците луѓе кои присуствуваа на погребот. ФБИ понуди помош.

Локалните медиуми известуваат дека никој не е уапсен во врска со пукањето. Видео снимките од местото на настанот покажуваат голем број возила за итни случаи. Испратени се околу 100 возила за спроведување на законот, а хеликоптери кружат околу областа на трагедијата.

– Не веруваме дека ова бил насочен напад врз одредена религија или нешто слично – изјави портпаролот на полицијата на прес-конференција емитувана во живо на телевизија.

Полицијата, исто така, не верува дека пукањето било неселективно.

Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни во соопштението изјави дека соработува со органите за спроведување на законот.

– Ги упатуваме нашите молитви за сите погодени од оваа трагедија и изразуваме длабока загриженост што свето место наменето за богослужба може да биде цел на насилство – се додава во соопштението.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4