Connect with us

Свет

Администрацијата на Трамп замрзна 10 милијарди долари за грижа за деца во пет сојузни држави предводени од Демократи

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп замрзна повеќе од 10 милијарди долари наменети за грижа за деца и помош на семејствата во сојузните држави Калифорнија, Колорадо, Илиноис, Минесота и Њујорк. Како причина за ваквиот чекор, американското Министерство за здравство наведе сомнежи за измами и злоупотреби.

Од стапувањето на должност, администрацијата на Трамп неколкупати се закани со кратење на федералното финансирање на организации и сојузни држави поради низа прашања – од наводни измами во програмите на државите под водство на Демократите, до иницијативи за различност и пропалестински протести на универзитетите против израелските напади во Газа.

Американското Министерство за здравство и социјални услуги (HHS) соопшти дека ги известило петте сојузни држави, каде гувернерите се од Демократската партија, дека замрзнувањето се однесува на:

-Фондот за грижа и развој на децата (2,4 милијарди долари);
-Програмата за привремена помош на загрозените семејства (7,35 милијарди долари);
-Блок-грантот за социјални услуги (869 милиони долари).

Министерството нагласи дека пристапот до овие средства ќе биде ограничен до завршување на ревизијата, а Демократите веднаш ја осудија одлуката.

Во последните недели, администрацијата на Трамп посебно ја издвои Минесота, тврдејќи дека имигрантите вршат масовни измами во системот за социјална заштита. Официјални претставници често упатуваа остри напади кон сомалиската заедница во оваа држава, која е најбројна во САД.

Активистите за човекови права предупредуваат дека администрацијата на Трамп ги користи истрагите за измами како изговор за поширок прогон на имигрантите и политичките неистомисленици.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2