Хроника
Контрола во казина во Куманово, приведени четири лица
Кумановската полиција за два часа извршила контрола во девет казина на подрачјето на Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. Четворица биле приведени, а затекнат бил и еден малолетник.
– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 00:00 до 02:00 часот на 4 јануари, годинава полициски службеници од СВР Куманово, извршија контрола на девет казина на подрачјето на Куманово, соопшти полицијата.
Оттаму наведуваат дека е извршено легитимирање на 166 лица и преглед на 73 лица, при што било затекнато едно малолетно лице и биле лишени од слобода четири лица, од кои две за утврдување на идентитет и две поради основи на сомнение дека се можни сторители на кривично дело.
јануари 6, 2026


