Забава
Опасна забава на снег: Младо момче скијаше зад автомобил низ Сараево
По случајот со млад човек кој снежната вечер ја искористи за скијање по улиците на едно мало место во БиХ, на социјалните мрежи се појави нова снимка од уште еден кој се одлучил за скијање по главна градска сообраќајница во Сараево.
Според снимката, младото момче се закачило за задниот дел од автомобил со отворен багажник и се движело на скии зад возилото. Со ваквото однесување тој го отежнувал сообраќајот, бидејќи возилата што се движеле зад него биле принудени да го заобиколуваат, но и покрај тоа продолжил со „опасното возење“. (Погледни го видеото.)
Видеото за кратко време стана популарно, а по негово споделување следуваа бројни реакции од јавноста, пренесува порталот „Кликс“. Дел од коментарите гласеа: „Вишок патници“, „Секаде во светот има будали, но БиХ е централа“, „Каде е полицијата?“, „Добри сме ние какви сè дишат ист воздух“.
јануари 5, 2026


