Connect with us

Свет

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона

Четири лица загинаа откако хеликоптер се урна на планинска падина во американската држава Аризона. Несреќата се случила синоќа на околу 103 километри источно од градот Феникс, соопшти локалната канцеларија на шерифот.

Загинати се сите кои биле во хеликоптерот – 59 годишниот пилот на хеликоптерот, две жени на возраст од 21 година и една на возраст од 22 години. 

Американската управа за цивилно воздухопловство и Националниот комитет за безбедност во сообраќајот ја истражуваат несреќата. Хеликоптерот полетал од писта во блискиот град Квин Крик.

Летовите во областа се привремено суспендирани од безбедносни причини, соопштија локалните власти.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 1