Connect with us

Свет

Експлозија во бар одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана

Швајцарската полиција изјави за Скај њуз дека во експлозија во бар во скијачки центар загинале најмалку 10 лица, а уште 10 се повредени.

Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад.

Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви.

„Имаше експлозија од непознато потекло“, изјави портпаролот на кантоналната полиција Галтан Латион. 

Експлозијата се случила во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, во кантонот Вале за време на новоогдишната прослава околу 1:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“, кој е многу популарен кај туристите. 

Сликите објавени во швајцарските медиуми покажаа зграда во пламен и служби за спасување во близина.

„Операцијата е сè уште во тек“, нагласи портпаролот.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4