Connect with us

Љубов и секс

Психолози објаснуваат зошто празниците се тест за врските

Иако се сметаат за период на мир и блискост, празниците често се време кога врските влегуваат во најдлабоки кризи, па дури и завршуваат засекогаш. Психолозите предупредуваат дека празничниот период не ги решава проблемите во односите, туку ги изнесува на површина.

Според „Психолоџи тудеј“  („Psychology Today“), празниците носат силни очекувања за среќа, заедништво и идеална врска. Кога реалноста не одговара на тие очекувања, разочарувањето лесно прераснува во конфликт.

Психологот по клиничка психологија,  д-р Џенис Вилхауер објаснува дека празниците делуваат како емоционален засилувач. Ако во врската веќе постои незадоволство, зголемениот емоционален интензитет и повеќето заеднички часови го прават невозможно игнорирањето на проблемите. Дополнителен фактор се заморот и стресот на крајот од годината, работни обврски, финансиски трошоци и семејни собири. Во такви услови, толеранцијата опаѓа, а ситните несогласувања лесно ескалираат во сериозни расправии.

Како најчести причини за празнични конфликти се наведуваат парите и семејните односи, особено кога не се усогласени очекувањата околу трошоците и распределбата на времето меѓу семејствата. Психолозите посочуваат дека празниците често се доживуваат како симболичен крај и нов почеток, поради што многумина токму тогаш ги преиспитуваат врските и носат одлуки што подолго време ги одложувале.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3