Connect with us

Свет

Деветмина повредени при судир на два трамваи во Антверпен

Девет лица се повредени денеска при судир на два трамваи во белгискиот град Антверпен.

Како што јавија белгиските медиуми, меѓу повредените се и двајцата возачи на трамваите, од кои едниот се здобил со посериозни повреди, но е вон животна опасност.

Останатите седуммина повредени се патници во трамваите, кои минале се полесни повреди.

Локалната полиција информира дека причините за несреќата „сè уште се нејасни“, најавувајќи дека ќе бидат сослушани патниците и ќе бидат проверени снимките од надзорните камери.

Тестовите на двајцата возачи на алкохол и наркотици биле негативни.

Поради несреќата, сообраќајот на таа траса низ која минуваат четири трамвајски линии бил во прекин околу два и пол часа.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 5