Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го колабираше и го опљачка енергетскиот сектор

Со кој кредибилитет СДС зборува за покачувањето на цената на електричната енергија?

Тие можеби забораваат, ама народот добро памети колкави сметки за струја плаќаше во време на власт на СДС.

Поради колапсот и неспособноста да менаџираат со електроенергетските капацитети, како криминалните тендери со кои се богатеа, за седум години власт, СДС ја поскапе струјата за 50%.

Вистинското место на кое СДС може да се обратат за состојбите во енергетиката се нивните функционери и поставени кадри да го пљачкаат енергетскиот сектор.

Затоа што парите од овој, за нив, профитабилен бизнис се во криминалните тендери кои СДС преку нивните раководства во енергетските компании, си ги местеше, за што над 50 нивни функционери се со кривични пријави, меѓу кои и Васко Ковачевски кој е во бегство со украдените пари.

Од целиов синџир на криминални тендери, не изостанува ниту претседателот на, сега душегрижникот СДС, Венко Филипче.

Па затоа го прашуваме од каде му е службеното луксузно Ауди и каква е неговата врска со Енис Колашинац кој ЕСМ го снабдуваше со јаглен за време на власт на СДС и бугарската фирма.

Ако не се сетат СДС и Филипче, ние ќе ги потсетиме со сите факти и аргументи.

За разлика од нивното време, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено се работи на консолидација и развој на енергетскиот сектор.

За таа цел продолжуваат големите инвестиции, меѓу кои и последната од пред неколку дена каде што беше потпишан договор вреден 97 милиони евра за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните.

Тука се и ветерниот парк во Богданци во 37,6 милиони евра, како и големата инвестиција на „Алказар енерџи“ во Штип и околината во вредност од околу 500 милиони долари.

Паралелно на ова, за граѓаните да не ги осетат потешкотиите и да го заштити нивниот стандард во периодот на консолидација на енергетскиот сектор, Владата одлучи да ги субвенционира сметките на струја на граѓаните.

Од друга страна, зголемувањето на цената на струјата во Македонија е најниско во Европа, а СДС тие што цело време лажеа и ширеа паника дека ќе има дупло поголемо зголемување. За тоа треба и јавно да се извинат.

Определбата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна, заштита на животниот стандард на граѓаните и систематско, континуирано и одговорно инвестирање во енергетски капацитети, со цел да ја зајакнеме енергетската независност.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4