Connect with us

Економија

Владата одлучи да прогласи седумдневна кризна состојба поради неможноста за набавка на мазут

Владата денеска на редовна седница донесе одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата.

Одлуката е со траење од седум дена од денот на нејзиното влегување во сила. Донесена е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи. 

– Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надомест, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај до Владата и до Министерство за финансии, информира владината прес-служба.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3