Connect with us

Политика

Попов: Во ЕУ треба да влеземе успешни и со достоинство, а не преку национални обезличувања како што тоа го правеше СДС

„Евроинтегративниот процес на Македонија го гледам низ призма да излеземе ние подобри од целиот тој процес, а да не се обезличиме национално“, истакна Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Радио Лидер.

Попов се осврна на предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека државата заслужува како и сите останати земји, да влегуваме во ЕУ низ мерит систем.

„Сметам дека заслужуваме како сите останати земји, да влегуваме во ЕУ низ мерит систем, односно низ исполнување на оние домашни задачи коишто се зададени од ЕУ. И сметам дека би било крајно неодговорно да влеземе во една таква авантура на пристапување со преговорите со ЕУ преку гласање на уставните измени, без да знаеме дека тоа е последната отстапка“, рече Попов.

Попов додаде дека потребно е да продолжиме интензивно да ја спроведуваме Реформската агенда, никако преку национални обезличувања и дека само на тој начин може да станеме дел од европското семејство.

„Сметам дека ние треба да продолжиме интензивно да ја спроведуваме Реформската агенда, овде во Македонија, да си ја завршуваме домашната задача, ние да бидеме поуспешни за самите себе, а верувам дека ЕУ на тој начин само може да дојде. Никако само преку национални обезличувања како што тоа го правеше СДС“, дециден е пратеникот Попов.  

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 5