Хроника
Полицијата приведе велешанец со 2,09 промили алкохол во крвта
На улицата „Гоце Делчев“ во Велес, синоќа пред полноќ во 23:50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 49 годишниот Г.Т. од Велес поради управување возило под дејство на алкохол.
-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, и дека има 2,09 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информираат денеска од СВР Велес.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
декември 23, 2025


