Хроника
Млад жител на Кавадарци возел под дејство на алкохол во Неготино
Млад жител на кавадаречкото село Марена возел под дејство на алкохол во Неготино.
Од Секторот за внатрешни работи – Велес информираа дека денеска во 00:40 часот на улицата „Индустриска“ во градот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода А.А., 27-годишно лице од кавадаречкото село Марена.
– При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,99 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, појаснија од СВР – Велес.
По целосно документирање на настанот, како што посочија, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
декември 23, 2025


