Хроника
Лишен од слобода жител на Криволак, му биле пронајдени пиротехнички средства
Лишен од слобода бил жител на неготинското село Криволак, му биле пронајдени пиротехнички средства, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Утрово во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
декември 23, 2025


