Connect with us

Политика

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево – Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Патувајќи низ Македонија, гледаме дека Македонија стана едно огромно градилиште.
Благодарение на Владата, благодарение на министерот за транспорт и врски, на директорот на Јавното претпријатие.

Најпрво се откочија голем дел проекти коишто низ години беа закочени и коишто претставуваа огромен проблем за граѓаните. Денес сме тука на патот Кичево – Охрид, на автопатската делница каде што видовме дека десетина години беше во застој, но денес со огромен ангажман пред се на компаниите, но и на Министерството за транспорт и врски и на директорот на Јавното претпријатие, станато е огромно градилиште коешто веруваме дека набрзо ќе биде едно прекрасно патно решение за граѓаните од овој регион.

Можам да порачам до граѓаните, дека за брзо ќе имате патно решение, ќе имаме и побрз проток на стоки и услуги, ќе имаме развој на регионот.

Верувам дека со ваквиот ангажман што сега го имаме, дека Македонија ќе стане атрактивна дестинација и за регионот. За да не се избегнува, туку да биде дестинација којашто ќе ја посетуваат сите и од соседните земји, меѓутоа и од Европа.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3