Connect with us

Вести

Амбасадата на САД потврди дека Агелер си заминува од земјава

Амбасадата на САД во Македонија потврди дека амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите ширум светот кои американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги отповика од функциите.

„Длабоко сме ѝ благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во изминатите три години и посветени сме на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и на нашите дипломатски односи“,велат од Амбасадата на САД во изјава за МИА.

Оттаму додаваат дека Амбасадата ќе продолжи да работи нормално во текот на смената на амбасадорите.

Според најновата одлука на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, од речиси 30 земји во светот ќе бидат отповикани амбасадори и дипломати назначени од неговиот претходник Џо Бајден. Освен Македонија, други европски земји кои се засегнати се Црна Гора, Словачка и Ерменија.

Стејт департментот посочи дека амбасадорот е личен претставник на претседателот на САД и негово право е да се осигура дека во странските земји има поединци кои ја промовираат агендата „Америка на прво место“.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4