Хроника
Пет лица повредени во сообраќајка кај Петровец
На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната станица Петровец вчера доцна попладне се случила сообраќајна несреќа во која пет лица се здобиле со телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, која се случила во 16:20 часот, учествувале две патнички моторни возила. Повредените со возила на Итна медицинска помош се пренесени во здравствени установи во Скопје за укажување помош.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Маглата, што ја зафати скопската котлина од вчера го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, додека сообраќајот на државните патишта се одвива со намалена видливост на одредени патни правци.
декември 21, 2025


