Хроника
Кавадарчанец удрил во полицаец и полициски возило па побегнал
Кавадарчанец удрил во полицаец и полициски возило рано утрово па побегнал, информираа претпладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Изутринава во 01:30 часот, во ОВР Кавадарци, било пријавено дека на крстосницата од улица „Браќа Џунови“ со улица “Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци, Д.А.(45) од овој град, управувајќи патничко возило „фолксваген туран“ со кавадаречки регистарски ознаки, при обид да биде сопрен од полициски службеници кои извршувале службени задачи, најпрвин удрил во полициско возило „пасат“ а потоа и во полициски службеник, по што се дал во бегство, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека подоцна, возилото било пронајдено, за настанот известен бил јавен обвинител и се преземале мерки за пронаоѓање на лицето.
декември 21, 2025


