Connect with us

Вести

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

-За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од набавките и инсталирање на опремата. Првпат ќе лансираме владин центар за одговор на сајбер инциденти. Обично ставам амбициозни рокови,  еве ќе речам, ќе го промовираме во првата половина од 2026 година, рече Андоновски во „Тема на денот“ на МТВ.

Тоа, појасни, ќе биде мониторинг центар за се што се случува во смисла на сајбер сообраќајот во владините институции.

-Ќе може рано да интервенираат доколку се случат определени напади и закани. Го дизајниравме со инфраструктура што ќе овозможи ширење, нема да биде огромен на почетокот, но полека полека ќе го збогатуваме со дополнителни инвестиции, истакна Андоновски.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2