Connect with us

Скопје

Се рушат Пласет и старите скопски „кафанчиња“ спроти Холидеј Ин

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.

Акцијата се спроведува без никакви отстапки, со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.

-Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки. Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес. Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани, посочи тој.

Најави дека акцијата продолжува со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.

-Ова е процес во кој сите сме партнери. Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите. Заедно градиме град каков што заслужуваме, порача Ѓорѓиевски.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1